Полицајци не помагале на повредените: Прочитани исказите на двајца сведоци, кои не дојдоа да сведочат за пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ во Кочани беа прочитани исказите на сведоците на Основното јавно обвинителство, Александра Пепеларова и Дарио Трифунов, кои ги дале во текот на истрагата.

Тие требаше да сведочат на претходните рочишта, но беа недостапни на органите на прогон. Трифунов бил во странство го информирал Обвинителството негов родител и нема да можел да сведочи и во иднина. За Пепеларова не беше соопштено зошто е недостапна да сведочи.

И двајцата во своите искази, како и други сведоци на претходните рочишта, меѓу друго објаснуваат како настанал пожарот.

Исто така и двајцата не можеле да потврдат кое е лицето што ги внело и ги поставило прскалките, кои како што е познато го предизвикаа пожарот.

Тие објаснуваат и што се случувало по пожарот, дека имало многу паднати лица еден врз друг, и колку било тешко да се излезе од објектот.

Исто така потврдуваат дека кобната вечер имало малолетници, што на претходните рочишта го кажаа и други сведоци и дека полицијата вршела рација пред концертот на ДНК.

Пепеларова во својот исказ навела и дека полицајци присутни надвор од објектот по пожарот не им помагале на лицата кои биле извлекувани.

На читањето на исказите на сведоците реагираа дел од бранителите на одбраната. Според нив овие сведоци требало да сведочат во судница, оти биле клучни за утврдување на значајни моменти за пожарот, меѓу кои и кој ги внел и поставил прскалките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утврдено присуство и на цијанид кај загинатите во „Пулс“, но не бил доминантен фактор за смрт, кажа директорот на Судска медицина

Одбиено барањето за укинување на притворот за Хаџиу и братот на газда Деко

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести