На денешното рочиште за пожарот во т.н. дискотека во Кочани од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека Основното јавно обвинителство дало негативно мислење на барањата за укинување на куќниот притвор на обвинетиот службеник од Министерството за економија, Беким Хаџиу, и на мерката притвор на обвинетиот Тодор Јованов, брат на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко, сопственик на “Пулс“.
Одбраната на обвинетите Јане Јанчевски и Мартин Георгиев пак изнесе барање за укинување на мерката куќен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газда Деко најверојатно останува во затворски притвор
Се уште нема одлука за барањето за укинување на притворот за сопственикот на „Пулс“, а неговата одбрана денеска побара и исклучување на родителите на загинатите од судењето, оти му се заканувале по живот.
Судот го одби барањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев













