Националниот џез оркестар во Брисел на „Денови на македонската култура“

Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5. мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“.

„Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на сцената на културниот центар „BOZAR“ претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст.

Диригент на концертот е маестро Владимир Николов.

Концертот во „BOZAR“ е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која има за цел да ја афирмира македонската уметност и култура пред европската публика.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести