Во март бројот на работниците во индустријата намален за 2.8%

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8% во март 2026 во однос на март 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9%, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8%, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2026 година, во однос на март 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.1%, Капитални производи за 3.6%, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4% и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9%, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1%.

Бројот на работниците во периодот јануари – март 2026 во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3.3%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести