Четири малолетнички кои брутално малтретираа шестооделенка во скопската општина Ѓорче Петров заработија кривични пријави.
Тие се осомничени за две кривични дела “насилство“, а како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР), се работи за три девојки на возраст од 14 и една на 17-годишна возраст, сите од Скопје.
Како што е познато тие во два наврати физички го нападнале 13-годишното девојче, а од нападите објавиле фотографии и снимки на социјалните мрежи.
Нападите се случиле на 27. март и 30. март годинава.
Кривичната е доставена до Основното јавно обвинителство Скопје и се постапува согласно Законот за правда за децата.
Од МВР информираат и дека Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ќе поднесе кривични и против родители на насилничките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И други девојчиња малтретирале насилничките од Ѓорче Петров: Нови детали













