Министерството нема надлежност да преиспитува правосилни судски одлуки, туку да постапува по нив: Правда му одговори на Груевски

Министерството за правда денеска му одговори на бегалецот Никола Груевски, поранешен премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој во Фејсбук статус побараа од министерот за правда Игор Филков, наместо да собирал документација за негова екстрадиција од Унгарија, каде стана политички азилант, да ги преиспитал “монтираните судски процеси“ против него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски се јави за екстрадицијата, му порача на министерот Филков да ги истражи “монтираните судски процеси“ против него

Министерството за правда постапува исклучиво согласно законите и меѓународните договори, велат од Министерството и посочуваат дека во врска со случајот за Груевски, се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање во рамки на законската процедура.

-Собирањето информации од надлежните судови има за цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување.

Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив.

Нагласуваме дека сите постапки се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пасоши има Груевски?

Груевски има и фирма во Унгарија

Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести