Главниот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи најостро го осудува говорот на бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Александар Џамбаски.
– Неговиот говор по повод одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева е загрижувачки и истиот не води кон европски просперитет.
Бараме веднаш јавно извинување од страна на Џамбаски по повод национално навредувачката реторика, се наведува во соопштението на претседателот на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, Никола Стојановски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.