Козметичките салони вријат од матурантки кои се кварцаат за да го подобрат својот изглед, пишува весникот Вечер.
Во Македонија сè уште нема соодветна законска регулатива која ќе стави ред во користењето на солариумите.
Директорката на Клиниката за кожни заболувања, д-р Сузана Николовска неодамна им порача на младите да не користат солариуми. Таа укажа дека зрачењето е штетно, кожата се оштетува и затоа сè повеќе е во пораст меланомот кај помладите генерации.
Николовска побара и да се изготви законска регулатива за контрола на прекумерното зрачење во солариумите, пишува Вечер.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.