еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Спасен пациент со мозочен удар со новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија

На пациент кој имал мозочен удар поради запушување на магистрален крвен сад во мозокот, завчера тим лекари невролози, анестезиолози и радиолози, му го спасија животот со помош на новата комбинирана метода на тромболиза и тромбектомија, која веќе станува практика во Република Македонија. Оваа метода се применува во сите сите современи клиники во Европа и Америка, соопшти Министерството за здравство.

Станува збор за зафат со кој, во исто време со помош на тромболиза, која го омекнува тромбот заглавен во крвниот сад и тромбектомија или механичко отстранување на тромбот, и тоа во најкус можен рок, на пациентот му е спасен животот, но и моторнитe функции на екстремитетите, кои често како последица од мозочен удар остануваат во состојба на одземеност, посочуваат од Министерството.

Пациентот на кој му е извршен успешниот зафат го посети министерот за здравство Венко Филипче.

– Пациентот се чувствува добро. Најважно е дека навреме се спасени сите витални функции кај него, непречено ги движи и нозете и рацете. Без примената на оваа нова метода пациент со ваков мозочен удар или ќе починеше или ќе останеше со трајни инвалидни последици. Голем успех за тимот лекари кои беа вклучени во овој, за нас иновативен пристап, но кој покажува многу добри резултати при состојби на акутен мозочен удар. Им честитам на колегите, а на пациентот му посакувам побргу да закрепне и си оди дома кај семејството, изјави Филипче.

Зафатот, како што се наведува, го извел тим од лекари и медицински сестри и тоа д-р Анита Арсовска и д-р Бојан Бошковски од Клиниката за неврологија, д-р Петар Јаневски, д-р Менка Лазарова и д-р Дејан Даскалов од Клиниката за радиологија и анестезиологот д-р Азби Агуши од КАРИЛ.

Фото: Министерство за здравство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ресторанот „Four“ преку хуманитарна акција обезбеди прибор за деца

Редакција

Огромен успех: „Медена земја“ во престижен круг кандидати за „Оскар“

Редакција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на Леонид

Редакција