Државниот завод за ревизија (ДЗР) го објави Конечниот ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на сметката на основен буџет за 2024 година, информираа од таму.
-Со извршената ревизија, изразивме мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година за сметката на основен буџет и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики.
Не е извршена ревизија, ниту е издаден извештај за годините кои претходат на годината што е предмет на ревизија на Комисија за заштита на конкуренцијата, на сметката на основен буџет.
Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност кај Комисија за заштита на конкуренцијата, сметка на основен буџет за 2024 година, констатирани се следниве состојби: материјалната и сметководствената евиденција не се усогласени поради отсуство на вредносни показатели во пописните листи, велат од таму.
Во извештајот се наведува дека Комисијата нема преземено мерки за заштита на имотот преку осигурување, има отсуство на единствена евиденција на предмети за кои се изречени глоби, како и слабости во содржината на тендерска документација и техничка спецификација во дел од постапките за јавни набавки.
-Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата даде препораки со цел преземање на мерки и активности од одговорното лице во функција на подобрување на состојбите.
Во текот на ревизијата од страна на одговорните лица на Комисија за заштита на конкуренција прифатени се корекции дадени од Државниот завод за ревизија со вкупен ефект зголемување на активата и пасивата за 13.101 илјада денари, велат од ДЗР.
Од таму наведуваат и дека дека во делот на нагласување на прашања во 2024 година Комисијата за заштита на конкуренцијата не работела во полн состав.
-Од страна на одговорното лице на Комисијата за заштита на конкуренцијата доставена е забелешка на Воведот на Нацрт извештајот на овластениот држ0авен ревизор. Забелешката е разгледана и утврдено е дека истата претставува известување за дополнителна надлежност на Комисијата, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реакција на Комисијата за заштита на конкуренцијата за извештајот на Ревизија
Фото: Унсплеш














