Општинскиот кризен штаб за борба против Ковид-19 и здравствените власти одлучија масовната имунизација на битолчани да се врши во спортската сала на средното медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“.
Подготовките се во завршна фаза и се очекува почеток на акцијата за имунизација на населението, изјави градоначалничката Наташа Петровска.
-Општина Битола ги спроведе сите активности и инструкции за ефикасна работа на центарот за имунизација кој ќе биде во спортската сала на СОУ Медицинско училиште „Др. Јован Калаузи“.
Во оваа фаза се планира поставувањето на конструкции за параваните, набавка на компјутерска техника и други задолженија.
Кога ќе почне имунизацијата не зависи само од техничката поддршка, туку и од организацијата на медицинскиот персонал, но многу брзо масовната имунизација ќе има и во нашиот регион, изјави Петровска.
Инаку во Битола во последните 24 часа на домашно лекување пуштени се 22 лица, а хоспитализирани се 14 пациенти.
Во регионалниот ковид-центар на болничко лекување се 124 лица.
МИА/Фото: МЗ