еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Стартува пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за жени претприемачки

Отворено е пријавувањето за бесплатно учество на Академијата за  жени претприемачки (AWE) .

Наменета за студентки од завршните години на факултетите од ИТ и СТЕМ областите, како и за жени-сопственички или менаџерки во областа на агробизнис и производство на храна, Академијата нуди платформа за поттикнување на претприемништвото и иновациите кај жените, овозможувајќи им да навлезат и напредуваат во бизнис води во кои традиционално доминираат мажите. Токму затоа годинава Академијата се фокусира на девојките и жените од гореспоменатите области.

Примарната цел на aкадемијата е да се  обезбеди знаење, вмрежување, пoтребно за да основа сопствен бизнис и да се развие постечкиот.

Станува збор за онлајн-програма за обука, во чиј центар е платформата DreamBuilder, која е развиена во партнерство помеѓу Thunderbird – школата за глобален менаџмент на Државниот универзитет во Аризона и американската фондација Freeport-McMoRan.

Програмата опфаќа основи на пишување бизнис план, продажба и маркетинг, обезбедување на финансирање, управување со ресурси и друго при што секоја учесничка креира и персонализиран бизнис план, употребувајќи корисни алатки и шаблони, кои им се на располагање и по завршување на Академијата. По завршување на програмата секој учесник ќе има свој бизнис план, спремен за имплементација.

Академијата за жени претприемачки (AWE) е формирана во 2019 година од страна на Бирото за образовни и културни работи на Американската Влaда и се спроведува во преку 80 држави низ светот, помагајќи на повеќе од 15.000 жени претприемачки да основаат сопствен бизнис или да го прошират и зголемат својот веќе постоечки бизнис (eca.state.gov/awe).

Академијата e поддржана од Амбасадата на САД во Македонија, a имплементирана од страна на Mакедонско-американска алумни асоцијација.

Донесете ја својата бизнис идеја и аплицирајте денес, (04.09.2023).

Повикот ќе треа до 22 септември. Академијата ќе започне на 4 октомври и ќе трае до средината на декември oваа година..

Повеќе детали на: maaa.mk.

Сите заинтересирани кандидатки може да се пријават на следниот ЛИНК: docs.google.com.

Контакт  – [email protected], 070 401 164.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отстранете го чувството на вина од вашето мени – „Junk free, guilt free”

Редакција

БК мебел со нов најголем продажен салон поблиску до вас

Редакција

„И од Битола се може“ успешна приказна за 2019 година

Редакција