Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за наведување на самоубиство на Ивана и за други две дела

Скопјанецот Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за три кривични дела – загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на сопругата Ивана, која во Скопје се фрли од зграда со нивната шестгодишна ќерка.

За сите три дела на Јовановски му е изречена максимална казна – за телесна повреда пет години, за загрозување на сигурноста три години и за наведување и помагање во самоубиство пет години. Согласно Законот за кривична постапка, единствената затворска казна е 12 години.

Јовановски останува во притвор до правосилноста на пресудата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што кажа братот на Ивана на судењето за Стојанче Јовановски

Дури 39 полицајци постапиле погрешно во случаите каде Стојанче Јовановски ја тепал Ивана

Сите знаеле за насилството врз Ивана и Катја, никој не ги спасил

Фото: Фејсбук/Јовановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести