еМагазин
Image default
Македонија

Судијката Лаличиќ за ТВ 24: Ме разрешија за бенигна работа, ова е срам за судството

Разрешена сум спротивно на законите, а одлуката е срам за Судскиот совет вели судијката Софија Лаличиќ во изјава за ТВ24.

Причината за нејзиното разрешување е нестручно и несовесно работење. Адвокатот Асмир Алиспајиќ поднесе претставка откако таа го казни со 2.000 евра, а причина за оваа казна е што на Фејсбук статус ја нарече „сваровски судијка“ со уште неколку ептитети, пренесува телевизијата.

„Дали за ваква бенигна работа, за казнување на адвокат за што одлуката е укината на двостепен суд, ако за ваква работа се разрешува судија, јас поставувам прашање – тогаш поблагите санкции за што служат“, вели изјави Лаличиќ за ТВ 24.

Одлуката на Судски совет не е конечна. За истата треба да пресече Врховниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет ја разреши судијката Софија Лаличиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Редакција

Касами уценува за уставните измени

Редакција

Од 93,96 проценти обработени податоци: Коалицијата Можеме освои 36,13 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 34,65 проценти

Редакција