
Во судир помеѓу комбе и камион на патот Свети Николе-Куманово, повредени повеќе лица
Синоќа се случила сообраќајна несреќа на патотот Свети Николе-Куманово помеѓу комбе и камион, при што има повредени лица. Неофицијално, 11 лица биле пренесени во болницата во Штип. Повеќе информации од МВР, се очекуваат денеска. Фото/Unsplash


















