
Агенција Рејтинг станува ексклузивен партнер на лондонската Latenta: Бихевиорална наука и АИ за првпат во истражувањата на македонскиот пазар
По речиси две децении присуство на македонскиот и регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, Агенција Рејтинг станува ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија Latenta, со што станува една од ретките агенции во земјата која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти. Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука


















