
59-годишен работник загина при пад од зграда во изградба во Кисела Вода
Маж на возраст од 59 години загинал завчера откако паднал од висина при изведување на градежни работи на зграда во изградба во скопска Кисела Вода. Станува збор за Ж.С. од кривопаланечкото село Герман. Како што информираа од полицијата тој веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во критична состојба.


























