Епидемија на заразна болест ќе се прогласи во Општина Гостивар

Како и што очекуваше, поради големиот број на граѓани со стомачни проблеми, на територијата на Општина Гостивар, ќе биде прогласена епидемија на заразна болест.

Одлуката треба да биде донесена денеска.

Информацијата денеска ја соопшти д-р Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Утрово биле пријавени 140 лица заболени со симптоми на гастроентероколит, а преку системот АЛЕРТ бил регистриран значителен пораст на бројот на заболени, со надминување на неделниот праг за територијата на Општината.

Епидемиолошките тимови продолжуваат со анкетирање и истражување на случаите, но дел од граѓаните одбивале да соработуваат.

Тој информираше и дека по барање на Основното јавно обвинителство Гостивар, стручни тимови на ИЈЗ излегле на терен и земале примероци од водата за микробиолошки и физичко-хемиски анализи.

Резултатите од испитувањата се очекуваат утре и ќе бидат доставени до Обвинителството, кое потоа ќе одлучува за понатамошниот тек на постапката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 24 часа примени 260 лица со стомачни проблеми во Гостивар, храна дефинитивно не е изворот на труењето

Нема доказ оти извор на стомачните инфекции е водата од градскиот водовод, вели градоначалникот на Гостивар

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести