За разлика од Министерството за внатрешни работи (МВР) и Агенцијата за храна и ветеринарство, која издаде забрана за пиење на водата, градоначалникот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани, кадар на опозицискиот Европски фронт, предводен од ДУИ, вели дека засега нема доказ оти извор на стомачните инфекции со интензивни симптоми на кои се пожалија над 1.200 жители на Општината, била водата од градскиот водовод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според институциите, пак постои сомнеж дека труењето се случило откако пумпи за водоводот биле поставени да извлекуваат отпадни води од реката Вардар.
-Според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажуваат дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности, информираше тој на социјалните мрежи.
Јавното обвинителство, полицијата и другите надлежни институции извршија дополнителен увид и земаа нови примероци за лабораториско испитување на водата.
-Во однос на тврдењата дека дошло до мешање на канализациска и водоводна вода, информациите од ЈП „Комуналец“ укажуваат дека на посочената локација нема канализациска мрежа.
Сепак, сите наводи се предмет на проверка и конечна оценка ќе дадат исклучиво надлежните институции.
Во моментов нема официјален медицински или лабораториски доказ дека пријавените стомачни тегоби се предизвикани од водата од градскиот водовод. Причината мора да се утврди стручно и врз основа на релевантни анализи, напиша тој меѓу друго.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














