Сопругот на жената која наплаќаше за влез во Куклица нападна инспектори на УЈП

Сопругот на Стојна Димитровска Боотх, која подолг период е во фокусот на јавноста, бидејќи не пушташе туристи на локалитетот “Камени кукли“ во кратовско Куклица, заврши во притвор откако врз инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) кои го посетиле локалитетот, фрлал камења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Здружение на татко и ќерка наплаќа влезници за локалитетот „Камени кукли“, на туристи им се заканувале со куче за да платат

Се работи за 41-годишен британски државјанин.

Тој е осомничен за “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ и доби осум дена притвор.

Посетата на инспекторите на УЈП следеше откако Димитровска Боотх деновиве најави на социјалните мрежи дека ќе наплаќа по 5 евра влез на локалитетот и дека ќе издава и фискални сметки.

Таа пак од претходно веќе има судска забрана да се доближува до локалитетот Куклица, но не ја почитувала истата, па од полицијата која ја затекнала таму ќе добие соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Узурпацијата на локалитетот “Куклица“ како од рубриката „верувале или не“

Жената која нелегално наплаќаше влезници за “Куклица“ бил носител на советничка листа

(Фото) Општина Кратово со детали за узурпацијата на локалитетот „Камени кукли“

Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести