Случајот со узурпацијата на локалитетот „Камени кукли“ или “Куклица“ во Општина Кратово од страна на приватни лица, кои подолг период наплаќале влез за јавен споменик на природата, тврдејќи дека истиот е во нивна сопственост, е како вест од рубрика “верувале или не„.
Имено здружението “Извор“ формирано од Милош Димитровски и неговата ќерка Стојна Димитровска Боотх им наплаќало влез на домашни и странски туристи, а како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) дури и им пуштале куче на тие што не сакале да платат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За случајот има пресуда, откако узурпаторите биле тужени од Општина Кратово, ама да биде ситуацијата уште поапсурдна, тие поднеле жалба, а во меѓувреме Општината не може да се грижи за локалитетот, а туристите слободно да го посетуваат.
Ретко кој знаеше за оваа, освен ако во периодот од 2024 година до денеска не го посетил локалитетот, а институциите се “растрчаа“ откако посетител за тоа информираше на Фејсбук и ги повика медиумите на помош.
Овој апсурден случај уште еднаш покажува колку Македонија се грижи за своето природно богатство.
Да потсетиме дека станува збор за камени фигури кои се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетава, а кои со ерозија на вулканските карпи станле “кукли“ и дека вакво нешто нема никаде во светот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Општина Кратово со детали за узурпацијата на локалитетот „Камени кукли“
Фото: Фејсбук/Мицкоски












