Кој е Иван Стоилковиќ, новиот министер за локална самоуправа

Иван Стоилковиќ, од Демократската партија на Србите, е нов министер за локална самоуправа.

Тој ја презеде функцијата од Златко Перински, од ВМРО-ДПМНЕ, кој повеќе нема да биде на министерска позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Златко Перински, идниот директор на ФЗО, кој нема повеќе да биде министер за локална самоуправа

Стоилковиќ на новата позиција дојде како вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.

Кој е Стоилковиќ

Роден е на 15. февруари 1962 година во Куманово.

Своето образование го започнал во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово и истото го продолжува на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран правник.

Зборува и англиски јазик

Професионална и политичка кариера

Неговата професионална кариера започнува во 1986 година во Младинскиот совет во Куманово, каде што е претседател сé до 1990 година.

Потоа, во 1992 година тој основал и градежно претпријатие, активност која трае сé до 2002 година.

Бил пратеник во македонското Собрание од 2002 година до 2024 година.

Стоилковиќ од 2001 година до денес е претседател на Демократската партија на Србите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сашо Клековски, новиот министер за здравство

Кој е Борче Серафимовски, новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Кој е Јетон Шасивари, новиот министер за правда

Фото: Фејсбук/Стоилковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести