еМагазин
Image default
Бизнис

ТЕЦ Неготино ќе стартува со работа на почетокот на декември

Во ТЕЦ Неготино завршуваат сервисните и ремонтните активности, и електраната се подготвува за враќање на мрежа на почетокот на декември, информираа од ЕСМ

„Проверките и санирањата се изведуваат од страна на вработени во термоелектраната, домашни стручни лица и стручен тим од Украина, односно од производителот на опремата вградена при изградбата на ТЕЦ Неготино.

Во завршна фаза е санирањето на намотката и статорското јадро на турбогенераторот, се завршува контролното електрично испитување на намотката, по што ќе се пристапи кон затворање на турбогенераторот и завршни контролни електрични испитувања и заптивноста на истиот.

Вклучувањето на термоелектраната на мрежа е планирано на почеток на декември, во првиот кус период со еден котел, а потоа и со втор, согласно протоколите за работа,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоки просечни нето плати во април

Редакција

Општина Липково склучи договор со „Ју-бај 2 Амет“ вреден 721.1 илјади евра

Редакција

Договор вреден 4,9 милиони евра склучи Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони со „Зобек мининг груп“

Редакција