Тело на маж пронајдено во Вардар кај Демир Капија

Завчера во водите на реката Вардар, кај Демир Капија, на местото викано Арсова Лака, бил пронајден труп на маж.

Трупот бил во фаза на распаѓање, информираа од полицијата, а истиот бил пронајден во водите на реката, под мостот на општинскиот пат што води од селото Корешница кон Демир Капија.

Телото е извлечено и е дадено на обдукција, која треба да ја покаже причината за смртта.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за 82-годишен маж, државјанин на Србија.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести