Во Македонија расцвета “бензин туризмот“, ќе има ли ограничување за странците?

Продолжува трендот граѓани од соседните земји поради пониските цени на горивата да доаѓаат во Македонија да купуваат бензин и други горива, но и храна.

Деновиве како што пренесоа албанските медиуми граничниот премин „Ќафасан“ бил блокиран од колони возила од албанска страна, од граѓани кои тргнале во Македонија по поевтино гориво и храна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Колони возила на „Ќафасан“, граѓаните од Албанија доаѓаат по поевтина храна и гориво

Во првиот месец од војната на Блискиот Исток, околу 10% од горивата во Македонија трошеа граѓани од соседните земји, а сега тој процент, во вториот месец, е 15%.

Најчесто соседите точат горива во општините Дебар, Струга и Охрид на западната граница, во Битола и Гевгелија на јужната граница и во Куманово на северната граница.

Ќе има ли ограничување?

Неколку земји во Европа поради сличен тренд воведоа мерки за огранчување.

Во Словачка на пример горивото за странци е поскапо, а во Словенија ја ограничија количината која може да ја купат странци.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека има доволно количини на нафта, и според него не е потребно никакво ограничување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Април со цените ќе биде полош од март

Како се одредува цената на бензините и дизелот

Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести