еМагазин
Image default
Бизнис

Тетовски Интерпромет со драстичен раст на добивката во првото полугодие

Во првото полугодие од годинава Интерпромет АД Тетово остварил приходи од 76.584 илјади денари, кои се за 64.301 илјади денари поголеми од приходите во истиот период од минатата 2022 година кога тие изнесувале 12.283 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.

-Друштвото оствари позитивен финансиски резултат во бруто износ од 67.769 илјади денари наспроти бруто добивката во истиот период за предходната 2022 година во износ од 2.752 илјади денари, што претставува зголемување или нето добивка поголема за 58.515 илјади денари.

Ова зголемување се должи на Договор за купопродажба на недвижен имот склучен на ден 20.06.2023 година помеѓу Интерпромет и Друштво за видеопродукција, маркетинг и услуги Лгроуп дооел Тетово.

Друштвото оствари расходи во износ од 8.815 илјади денари, кои се за 716 илјади помали од расходите во истиот период за минатата 2022 година кога тие изнесувале 9.531 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Интерпромет доби нов Управен одбор

Интерпромет од Тетово во првиот квартал со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во април

Редакција

Зуди Енузи Кока нов директор на МЕПСО

Редакција

Комплетиран составот на Управниот одбор на „Сава пензиско друштво“

Редакција