Стевчо Јакимовски треба да оди во затвор на 2. јули

Поранешниот градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2. јули треба да оди во затвор за да ја отслужи затворската казна од една година за случајот поврзан со изградбата на зградата на Општината.

Неодамна казната му беше потврдена од Апелациониот суд Скопје.

Бидејќи пет месеци помина во куќен притвор за одлежување му остануваат околу седум месеци.

Казната за која е осуден правосилно треба да ја одлежи во затворот Скопје во Шуто Оризари, каде што се служат казните до една година.

За него се води уште еден судски процес во Кривичниот суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Стевчо Јакимовски ќе се жали пред Врховен за затворската казна која му ја потврди Апелација

Апелација ја потврди затворската казна за Стевчо Јакимовски за изградбата на општинската зграда во Карпош

Стевчо Јакимовски по петти пат ќе се кандидира за градоначалник на Општина Карпош

Фото: Фејсбук/Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести