Министерот за надворешни работи Бујар Османи во одговор на новинарско прашање денеска истакна дека треба да бидеме коректни и да нема реакција на изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен која нè нарече „северномакедонци“.
Вели дека таа била коректна за време на целата прес-конференција што ја одржа во Скопје во однос на јазикот и другите идентитетски атрибути.
– Да имате фокус на претседател на Европска Комисија, на Влада на најголемата економија во светот. Да доаѓа секој месец во една мала држава, нешто што го посакуваат големите држави во Европската Унија, да ја имаат Фон дер Лајен во нивните земји и да покаже таков интерес.
Да има такви прес-конференции по однос на тоа што нас ни е важно, во однос на тоа дека јазикот станува еден од службените јазици, дека припаѓаме таму и да направи еден лапсус од тоа да создадете анимозитет кон тој интерес што го покажува, а не знам дали ќе го имаме постојано, истакна Османи на денешниот брифинг со медиумите.
Вели дека европските прашања се од голема важност и не смее да се дозволи поради наши меѓусебни динамики да бидат злоупотребени. Додаде дека мора да се направи општествен договор дека до 2030 година земјата ќе стане членка на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен твитна на македонски за договорот со Фронтекс, па и се „нафрлија“ Грци и Бугари
МИА/Фото: МИА