Војната помеѓу САД и Иран продолжува. Американскиот претседател Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на американскиот предлог за завршување на војната, оценувајќи го како „целосно неприфатлив“.
Одговорот на Техеран во 14 точки вклучувал итен прекин на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и гаранции дека нема да има понатамошни напади врз Иран.
Во него исто така се барало надомест на воените штети, како и нагласување на иранскиот суверенитет над Ормускиот теснец.
По овој одговор на Трамп, цената на нафтата се искачи на над 105 долари за барел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И САД и Иран го прекршија примирјето, крајот на војната неизвесен
Зошто е значаен Ормутскиот теснец
Фото: Unsplash














