Ако Иран не го отвори Ормускиот теснец до утре, САД ќе напаѓа енергетски капацитети во земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп, му постави рок на Иран да го отвори Ормускиот теснец до утре. Во спротивно се закани дека ќе следуваат напади на енергетските капацитети на земјата и мостови.

Иран одговори дека доколку се случи тоа, тие ќе нападнат енергетски капацитети во земјите од Блискиот Исток, што ќе доведе до нова ескалација на војната во регионот и продлабочување на енергетската криза.

Повеќе енергетски капацитети изминативе недели во регионов беа цел на ирански напади, а дел од нив не работат со полн капацитет.

Иран исто така планира воведување на наплата на бродарина низ Теснецот, за да си ги компензира штетите од војната.

Позади сцената на заканите од двете страни, се уште се во тек преговори помеѓу двете земји.

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести