(Видео) Како изгледа првата траса по која ќе вози Градскиот воз во Скопје моментално

До јуни треба да биде завршена линијата на Градскиот воз во Скопје, од Зелениково преку Драчево и Кисела Вода до Нова железничка станица.

Истата треба да биде пушена во функција од од 1. септември, а е долга околу 25 километри

Видео од тоа како моментално изгледа изградбата, ОВДЕ.

Во рамки на проектот ќе има три линии, со околу 15 станици и стојалишта.

Возовите е предвидено да го поврзуваат средиштето на Скопје (ГЖС „Скопје“) со неговите населби Горно Лисиче (ЖС „Лисиче“), Маџари (ЖС „Маџари“), Скопје Север (ЖС „Скопје Север“) и Ѓорче Петров (ЖС „Ѓорче Петров“), со населените места Драчево (ЖС „Драчево“), Орешани (ЖС „Јане Сандански“ и ЖС „Орешани“), Зелениково (ЖС „Зелениково Ново“ и ЖС „Зелениково“), Волково (ЖС „Волково“), Илинден (ЖС „Илинден“), Миладиновци (ЖС „Миладиновци“), како и Меѓународниот аеродром Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првата линија ќе биде пуштена во септември, завршени се 65% од проектот Градски воз во Скопје

Фото: МТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести