Уште три нови случаи на западно-нилска треска се регистрирани вчера во Македонија, со што вкупниот број годинава се зголеми на 11.
Пет случаи на западно-нилска треска беа регистрирани месецов, а два во јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови случаи на Западно-нилската треска во Македонија
Информацијата денеска ја соопшти министерот за здравство Сашо Клековски.
Сите нови заразени лица се хоспитализирани – две на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а едно на ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија.
Клековски рече дека кај овие пациенти се прават претраги по повеќе методи, начи ликвор, секрети и други тестови.
-Секако веднаш се прават и епидемиолошки анкети. Она што можам да го потврдам врз основа на комуникацијата со Комисијата за заразни болести е дека надвор од случаите поврзани со Грција, има случаи кои дефинитино не патувале надвор од државата и со место на живеење се на подрачјето на Скопско поле, рече тој.
Информираше и дека се преземаат стандардните епидемиолошки мерки – дезинфекција во радиус од 200 метри околу местото на живеење на потврдените случаи.
Директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана, дека денеска информираше дека едно од лицата кои се лекува кај нив е во тешка состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Фото: МЗ














