Вчера бил уапсен возчачот кој пред два дена прегази девојче на 11-годишна возраст во скопски Центар, по што побегна.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје станува збор за лицето С.Б. од Скопје.
Девојчето со тешки повреди беше пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
За уапсениот ќе биде поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
11-годишно девојче удрено во Центар, со тешки телесни повреди пренесена во болница, возачот побегнал














