Уште една кривична за Фатмир Дехари, поранешниот градоначалник на Кичево

Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кичево поднесе нова кривична пријава против Фатмир Дехари (52) од кичевското село Србица, кој е поранешен градоначалник на Општина Кичево, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Истата ја заработи поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Со кривичната се опфатени и Б.К. (46) од кичевското село Аранѓел поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, Д.С. (41) од кичевското село Длапкин Дол за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, како и едно правно лице со седиште во Длапкин Дол.

-На 08.01.2025, Ф.Д., во својство на градоначалник на Општина Кичево, искористувајќи ја својата службена положба донел план за јавни набавки за 2025 година на Општина Кичево спротивно на одредбите од Законот за комунални дејности.

Иако, Општина Кичево има јавно комунално претпријатие, Ф.Д. сите комунални дејности ги доверил на пријавеното правно лице со седиште во Длапкин Дол со намера да се стекне со поголема имотна корист на штета на буџетот на општина Кичево.

Второпријавениот, одговорно овластено лице за одржување на зелени површини, пропуштил должен надзор и несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности, додека третопријавениот во својство на управител во правното лице, свесно ги повредил прописите на постапката за јавен повик.

Со тоа, вкупно исплатените парични средства за одржување на зеленилото околу зградата на Општината изнесува вкупно 1.457.205 денари на штета на Општина Кичево, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова кривична за Фатмир Дехари, поранешниот граодначалник на Кичево

Kривична за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, го оштетил буџетот за околу 4 милиони денари

Каков имот пријавил Фатмир Дехари, градоначалникот на Кичево, кој заработи кривична оти го оштетил буџетот за 64 илјади евра

Фото: Фејсбук/Фатмир Дехари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести