еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Уште една магична приказна од ТРИ-„Поликсена со прасето“ од Бјанка Пицорно

Издaвачки центар ТРИ ја објави книгата  „Поликсена со прасето“ од познатата италијанска писателка Бјанка Пицорно, во рамки на новата едиција „Магични приказни“ поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

„Книгата е приказната за Поликсена, весело девојче со богата фантазија кое, откако ќе открие дека е посвоена ќерка, бега од дома и тогаш почнуваат сите нејзини авантури. Патувачкиот циркус е нејзиното ново патувачко место под Сонцето, а сите нови средби, недоразбирања и отплеткувања на мистеријата водат до одгатнување на големото прашање: чија ќерка е Поликсена?“, соопшти ТРИ.

Бјанка Пицорно e една од најзначајните современи италијански писатели за деца и млади, драматург, сценарист, илустратор и преведувач. Автор е на педесетина книги, преведени на многу светски јазици и речиси сите бестселери, за кои има добиено многу домашни и меѓународни награди.

Меѓу другото, таа е петкратен добитник на наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ за литература за деца. Пицорно е авторка која експериментира со вкрстување жанрови што резултира со извонредно забавни книги кои, иако изобилуваат со фантастични елементи, сепак се темелат врз искуства од реалниот живот и третираат актуелни теми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов проект ќе го премости јазот во вештините и ќе создаде можности за вработувања за жените и младите во Западен Балкан

Редакција

Студентки од техничките факултети од Косово и Македонија во посета на „Diamond of Skopje“ во рамките на иницијативата Global Engineer Girls (GEG)

Редакција

Голем успех на Театарот за деца и младинци со претставата Роња

Редакција