Ваљон Бела и Бекир Халими од Македонија се прогласени за „персона нон грата“ во Албанија од страна на тамошното Министерство за внатрешни работи, пренесуваат локалните медиуми.
И двајцата имаат забрана за влез во Албанија во траење од 10 години, а за Бела е издадена наредба и за депортација.
Како што јави албански „Топ ченел“ тие се прогласени за непожелни поради сомнителни активности против албанската држава.
Наводно за нив постоеле докази за активности штетни за албанската држава.
Халими беше член на терористичката ОНА и е вахабистички теолог, а Бела е пак поранешен функционер на ДУИ и поранешен економски директор на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Фото: Унсплеш














