еМагазин
Image default
Македонија

Велешкиот градоначалник Коцевски смирува дека нема место за паника, откако кај граѓанин е откриен делта сојот

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски денеска истакна дека нема потреба од паника и вознемиреност, откако завчера беше соопштено дека граѓанин на Велес е заразен со делта сојот на Ковид-19.

Тој објасни дека пациентот е во добра здравствена состојба и дека по враќањето од Англија не бил во контакт со други лица освен со својата сопруга, која засега не покажувала никакви симптоми на вирусот.

-Во болницата е хоспитализиран во карантин, во посебно одделение за да нема контакт со другите пациенти и е во добра здравствена состојба, информира  Коцевски.

Тој им порача на граѓаните да не заборават и понатаму да ги почитуваат препораките од Комисијата за заштита од заразни болести и ги повика сите кои досега не се вакцинирале, да се вакцинираат во пунктот во Велес.

– Од денеска тоа можат да го направат без да се пријавуваат на сајтот vakcinacija.mk, туку директно со одење во пунктот.

Инаку, во пунктот моментално на располагање е вакцината „Синовак“ за прва доза и „Фајзер“ за втора доза.

-Единствен начин да не ни се случи пак голем бран наесен e што поголем број од нас да се вакцинираат. Вакцината не значи дека ако дојдеме во контакт со заразен нема да се заразиме, туку дека последиците ќе бидат минимални и да ги избегнеме најтешките последици по нашиот живот, порача Коцевски.

Во пунктот за масовна  вакцинација во Велес досега се аплицирани вкупно 13.319 вакцини од кои 8.983 граѓани примиле прва доза, а со втора доза се вакцинирале 4.336 граѓани на Велес и околните општини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кунгуловски за СП: Невакциниран и непрележан човек има многу мали шанси да не се зарази со делта сојот

Повеќе од 50 деца со респираторен вирус во гевгелиската болница некои од нив на кислород: Делта сој или вирусот ја „помешал“ сезоната

Немаат симптоми: Две лица од Тетово од исто семејство заразени со делта сојот

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радев ги оцени како алармантни случаите на дискриминација и систематско кршење на правата на Бугарите во Македонија

Редакција

Нема пречки Стевчо Јакимовски да ја продолжи трката за претседател на Македонија откако беше ставен на „црната листа“ на САД

Редакција

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Редакција