Двајца ученици од 9. одделение вчера биле претепани од други шест ученици пред основното училиште „Дитурија“ во скопски Сарај.
Едниот од нив е со тешки телесни повреди, а кај другиот малолетник се констатирани телесни повреди, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Насилството било снимено од други ученици и снимката заврши на социјалните мрежи.
Од МВР велат дека се идентификувани учениците кои го извршиле нападот. Истите се на возраст од 13 до 15 години и во текот на денешниот ден сите шест се повикани во полициска станица.
Со родителите на нападнатите малолетници е извршен службен разговор, а исто така денеска е извршен разговор и со оштетените малолетници.
-За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство” по член 386 од КЗ на РСМ, велат од таму.
Фото/видео: Фејсбук












