Инцидент предизвикан од советникот на Партијата за демократски просперитет на Ромите (ПДПР), Аки Акиов, се случи на денешната седница на Советот на Општина Кочани, на која тема беше рушењето на дивоградбите и состојбата во градот по трагедијата.
Откако првично вербално го нападна координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирче Стојков, Акиов тргна и физички да се пресметува со него и фрли кон него пластично шише, кое погоди службеничка во Општината.
Како што пренесоа локалните медиуми, Стојков претходно го обвини в.д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски за селективно постапување во однос на инспекциските служби во делот на меѓупштинската соработка, на што му дофрли Акиов, а Стојков му одговори дека така може да се однесува во ромското маало. По тоа Акиов побара реплика и следеше инцидентот.
Интервенираше и полицијата, а за ицидентот на Фејсбук реагираше и Крстевски, кој се обидуваше да го смири Акиов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео: Телевизија Кочани/фото: Општина Кочани