Иран вчера ја бомбардираше американската воена база „Ал-Удеид“ во Катар, како одговор на нападот на неговите нуклеарни постројки од страна на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По Израел и САД го нападна Иран
A battle between interceptors and incoming ballistic missiles observed in the sky over Qatar. pic.twitter.com/P91RJXPldF
— OSINTdefender (@sentdefender) June 23, 2025
Според првичните оценки на светските агенции, станува збор за симболичен одговор, а според американскиот претседател Донал Трамп се работи за слаб напад во кој биле испукани 14 проектили, од кои 13 биле соборени, а еден бил ослободен.
Според моменталните информации нема повредени ни американски, ни катарски државјани, ниту пак е направена штета на бомбардираните подрачја.
Трамп на неговата на социјална мрежа Трут соушл, информираше и дека договорил примирје помеѓу Израел и Иран, кое веќе стапило во сила и ги замоли двете страни да не го кршат.
Властите во Израел и Иран, денеска потврдија дека го прифатиле примирјето.
Израел го нападна Иран на 13. јуни, под изговор дека сака да го спречи да создаде нуклеарно оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако продолжи војната помеѓу Израел и Иран, инфлацијата ќе не дотепа
(Видео) Израел го нападна Иран, нова војна на повидок
Фото: Архива/Армија на САД