еМагазин
Image default
Локално

(Видео) Рација во Битола, запечатени четири угостителски објекти

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд ноќеска, меѓу 01:30 и 04:30 часот, спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола.

Притоа е констатирано дека 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без ковид-сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат, а ќе следат соодветни поднесоци, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

При тоа, во два ноќни клуба била пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) за што ќе бидат поднесени кривични пријави. Утврдено е и дека едно лице употребило лажен ковид-сертификат за што, исто така, ќе следува соодветна кривична пријава.

Како што соопшти МВР, до надлежното обвинителство ќе биде поднесен и поднесок против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.

Ќе следат и соодветни поднесоци зашто во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани и прекршоци и по законот за пушење.

Констатирани се и случаи на неиздавање фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување.

Акциските контроли, како што најавува МВР, продолжуваат и во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во полициската акција во Битола уапсен и пејачот Александар Тарабунов

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен кумановец, одзел пари од вработена во казино

Редакција

Камион усмрти велосипедист на патот Осломеј-Кичево

Редакција

Повредени затвореници во тепачка во амбулантата на затворот Идризово

Редакција