еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Зеленски до руските мајки: Не ги испраќајте вашите деца во војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика руските мајки да не ги испраќаат своите деца на бојното поле.

– Сакам да им го кажам ова уште еднаш на руските мајки, особено на мајките на воените регрути. Не ги испраќајте вашите деца во војна во странска земја, рече Зеленски.

Тој ги повика „да не веруваат во ветувањата дека ќе бидат испратени некаде на вежби … или во неборбени услови“ и „да дејствуваат веднаш доколку има сомневања дека нивните деца се испраќаат да се борат во Украина“.

Обраќањето доаѓа откако Русија пред три дена за првпат призна присуство на регрути во редовите на нејзините сили во Украина – од кои многумина не биле обучени за борба – и објави дека голем број од нив биле заробени.

МИА/Фото: Фејсбук/Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи да реферира пред пратениците за тоа колку е Бесмира Ејупи квалификувана да работи во МНР, вели Милошоски

Редакција

Растат трошоците на градежниците: Ќе има ли зголемување на цените на становите?

Редакција

(Видео) Убиец избегал од Идризово, фатен е заедно со друг затвореник на автопатот Пријателство

Редакција