еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и извинување од Ковачевски за смеењето за “премиер на западна Бугарија„

Димитар Ковачевски не го штити, туку го продава македонскиот идентитет и Македонија. Едно збори пред камерите, а зад камерите гледаме како се смее и одобрува Македонија да се нарекува западна Бугарија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за невкусната шега на албанскиот премиер Еди Рама во Солун дека македонскиот премиер е „иден премиер на западна Бугарија“, на која се насмеа и Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Рама на шега го престави Ковачевски на Шолц како “премиер на западна Бугарија„

“Ковачевски и ова СДСМ се антидржавни елементи преку кои Македонија доживува понижувања.

Во стилот на измеќар од македонските народни приказни го видовме како се смее и одобрува едно од најголемите понижувања за Македонија. Еден Заев се замени со друг, во ликот на Ковачевски.

Потребно е Ковачевски поради оваа скандалозна изјава веднаш да си даде оставка и да се извини“, велат од партијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 376: Починаа уште 8 пациенти од Ковид-19

Редакција

Поради немање кворум прекината седницата за гласање доверба на Владата

Редакција

Нов состанок на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

Редакција