Внука со нож ги избодела баба ѝ и дедо ѝ во Битола

Во Битола внука со нож ги избодела својата баба и дедо.

Инцидентот, како што информираа од Основното јавно обвинителство Битола се случил во семејната куќа на улицата „Солунска“.

Таа им нанела повеќе убоди со ножот, а тие се пренесени во болница. Засега нема повеќе детали за нивната здравствена состојба.

Нема детали и за нејзиниот идентитетот, а таа е уапсена.

Полицијата извршила увид во куќата, а од Обвинителството прибираат докази, по што ќе следуваат понатамошни правни дејствија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познат идентитетот на битолчанката која ги избоде баба ѝ и дедо ѝ, пратена е во Психијатриската болница во Демир Хисар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести