Возач усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје и побегна

Возач на возило „пасат“ усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, по што го оставил возилото и побегнал.

Според Министерството за внатрешни работи, околу 12:30 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавено дека на булеварот се судриле патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки, управувано од машко лице, и велосипедист.

По несреќата, возачот го оставил возилото и избегал од местото на настанот.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести