СВР Тетово поднесе кривична пријава против 43-годишната Ѓ.С. од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање при вршење на службата”.
„На 30.05.2025 во основно училиште во Тетово, пријавената – вработена во училиштето, физички нападнала ученик во училиштето“, информираше полицијата.