еМагазин
Image default
Бизнис

Втора кредитна линија на НЛБ Банка Скопје и ЕБОР: Дополнителни два милиони евра поддршка за инвестиции на домаќинствата во енергетска ефикасност

НЛБ Банка Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) потпишаа договор за втора кредитна линија од дополнителни два милиони евра за Програмата за финансирање на зелена енергија (GEFF), информираат од Банката.

Станува збор за средства за поддршка на енергетската ефикасност во резиденцијалниот сектор, односно кредити кои НЛБ Банка Скопје ќе ги пласира на своите клиенти за инвестиции кои ќе помогнат да се подобри енергетската ефикасност на нивните домови.

„Како една од трите најголеми и системски најзначајни банки во земјата сметаме дека имаме важна улога во креирање на општата клима за финансирање на зелена енергија.

Со оваа линија продолжуваме да обезбедуваме полесен пристап на домаќинствата до средства за финансирање на проекти во врска со обновливи извори на енергија, постигнување на заштеди на енергија и заштита на животната средина што во целост кореспондира со нашата политика за одговорно кредитирање и одржливост.

Горди сме на досегашната соработка со ЕБОР и придонесот кој го имаме во зголемување на свесноста за важноста на енергетската ефикасност, како и во севкупниот успех на Програмата за финансирање на зелена енергија на Западен Балкан“, истакна Бранко Грегановиќ, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.

Посебна придобивка на програмата е што клиентите кои аплицираат за заеми од GEFF, откако мерките за енергетска ефикасност ќе бидат успешно имплементирани, имаат право на финансиски грант до 20 проценти од износот на кредитот, при што средства се обезбедени од Европската унија.

„Ни претставува големо задоволство што ја надградуваме соработката со НЛБ Банка Скопје, во заедничката тенденција да се подобри пристапот до финансии на граѓаните, кои сакаат да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, преку нашата позната GEFF програма, која станува се попримамлива.

Со растечките цени на енергијата во Европа, граѓаните можат да ги користат овие кредити за да ја намалат потрошувачката на енергија и да ги намалат сметките,” изјави Анди Аранитаси, претставник за Северна Македонија во ЕБОР.

Штефен Худолин, раководител на одделот за соработка во ЕУ Делегацијата во Северна Македонија додаде дека ЕУ останува посветена во поддршката на земјата и за време на оваа енергетска криза ги поддржува програмите за енергетската ефикасност од кои ѓраѓаните и домаќинствата ќе имаат корист.

„За нас и за идните генерации треба да мислиме подалеку од тоа што ќе биде утре и заради тоа нудиме добри финансиски програми кои ќе генерираат пониски сметки за електрична енергија. Нашата иднина е зелена, а транзицијата кон зелена и одржлива енергија е поврзана со добри инвестиции кои ќе ги направиме денес,” додаде Худолин.

Инаку, преку првата кредитна линија на НЛБ Банка за „зелени“ кредити, потпишана во со ЕБОР во 2020 година, целосно се пласирани 3 милиони евра до крајни корисници – физички лица, а досега на клиентите им се исплатени финансиски стимулации од 450 илјади евра за успешно завршени проекти за една година кои и натаму се исплаќаат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На барање на Македонија, Србија ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка

Редакција

Алсат-М лани со најголема добивка, колкава е добивката на Сител, Канал5, Алфа и Телма

Редакција

Ревизорите откриваат: Македонската пошта во наталожени загуби од 10 милиони евра, важно менаџерите осигурани

Редакција