На 24.08.2018 година околу 14,25 часот од Итна медицинска помош е пријавено починато лице М.Н.(54) од Кавадарци, вработен како инжинер во фирма „Мак-Дрил“, информира МВР.
Истиот при минирање на ископ во рудник „Говрлево“ бил погоден од камен во пределот на градите, по што починал на местото на настанот. Извршен е увид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.