еМагазин
Image default
Бизнис

Започнува GrowBiz Startup: Нова регионална бизнис програма за започнување на сопствен бизнис во Македонија

Невладината организација ЛинкАкрос Македонија започнува со нова програма, наречена GrowBiz StartUp, за непосредна поддршка на претприемачи кои сакаат да започнат свој бизнис, информираат од таму.

Во голема мера поддршката се состои од тим на бизнис ментори кој ќе ги водат клиентите низ овој процес. Тимот на ментори е составен од домашни и американски бизнис ментори кои во неколку фази ќе го водат учесникот до неговата цел, започнување и успешно водење на свој бизнис.

Програмата која се состои во 4 фази започнува со бесплатен настан во живо на 1 и 2 јуни во Скопје од 18ч до 21ч со Christian Pinkston, гостин говорник од САД кој е сопственик на реномирана фирма за комуникации во Вашингтон, САД. Сите 4 фази на програмата траат околу една година.

„Оваа програма е подготвувана и тестирана подолго време на реални клиенти чиј фидбек беше применет и вметнат во крајната верзија на GrowBiz StartUp. Веруваме дека нудиме програма која ќе одговори соодветно на потребите на претприемачи кои сакаат да започнат бизниси кои воедно се профитабилни и придонесуваат кон развојот на општеството,“ изјави Клеј Бутемер, извршен директор на канцеларијата на ЛинкАкрос.

Подетални информации за програмата и линк за регистрација за настанот на 1 и 2 јуни се достапни на веб страната  www.growbiz.mk/mk.

ЛинкАкрос Македонија е подружница на Американската невладина организација ЛинкАкрос и активно работи со локални и странски партнери на проекти за развој во Македонија од 2010 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макотекс со добивка во првото полугодие

Редакција

„Лукоил“ го доби тендерот на МЕПСО за набавка на гориво вреден 354.000 евра

Редакција

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Редакција