еМагазин
Image default
Локално

Заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек, нема повредени

Жител на тетовски Челопек во полиција пријавил дека ноќеска откако слушнал истрели, заталкан куршум завршил во една од собите во неговата куќа.

– На 18.07.2022 во 00.34 часот во СВР Тетово, Р.С.(50) од тетовски Челопек пријавил дека околу 00.15 слушнал истрели од огнено оружје, по што едно залутано зрно непознат калибар паднало во собата на неговиот син Ф.С.(18).

Извршен бил увид и се работи на расчистување и документирање на случајот, информираат од СВР Тетово.

За пет дена ова е втор случај со заталкан куршум, при што во првиот инцидент на 13 јули имаше и повредено 59 годишна жена во Тетово.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдено починато лице во објектот на Турски театар

Редакција

Две лица загинаа во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Редакција

Две лица загинаа откако со возило излетале во провалија на Галичица

Редакција